НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР ОБНОВЛИВ ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТ

spplanet Скопски пазар неодамна реши да изгради нов трговски центар и да го реновира затворениот зелен пазар. За таа цел тие решија да вградат одржлив систем за греење и ладење.

Со помош на тимот на ВеБСЕФФ тие вградија систем за греење, вентилација и ладење на геотермална топлинска пумпа во двата објекти. Во трговскиот центар тие користат геотермална топлинска пумпа која користи вода од бунар. Другиот објект го опремија со воздушна геотермална пумпа. Двата системи користат помалку енергија споредбено со конвенционалните системи за греење и ладење и се поедноставни за ракување и одржување. Со инвестицијата од 428,000 евра, која ќе се исплати за малку повеќе од 5 години, ќе се овозможи намалување на емисиите на СО2 за 870 тони годишно. Овие системи ќе и овозможат на компанијата полесно да го преброди ценовниот скок на електричната енергија.

Текстот е превземен од www.webseff.com